Димитров: Мојот став уште од почеток е дека новите пасоши треба да се на трошок на државата

by Fokus

„Голем ден беше 27 март пред 4 години, зачленувањето, една од двете големи цели, успеавме да ја затвориме таа тема по долг пат. Особено од денешна перспектива кога границите не се безбедни, непредвидлива е и блиската иднина, важно е што нашите граници се граници на НАТО земја членка“ рече поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во гостување на ТВ Сител.

Тој напомена дека „Во регион каде се уште има соништа за големи држави, доцни европската идеја. Кога таа идеја предолго време не носи резултати, се будат идеите за големи држави. Тоа што сме ние во Алијансата во регион каде се уште не се занимаваме со вистинските проблеми, важно е границата да ни е затворена, да сме безбедни“.

„Една од големите придобивки со Преспанскиот договор беше што го затворивме македонското прашање излегувајќи од тој проблем како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Главно беше НАТО и ЕУ како придобивка. Излеговме со недопрен македонски идентитет, тоа за мене е многу голема придобивка. Важна работа е што тензиите одат надолу, а пријателтвото оди нагоре“ вели Димитров.

За проблемот со документите Димитров вели „се работи за кабает од наша страна. Не се работи за Договорот, туку за неговото спроведување. Дури кога се видело зошто се издавале стари пасоши години по влегувањето во сила на договорот, 2022 година. Јас уште од почеток имав став дека ова мора да биде на трошок на државата. Зошто немало дипломатска комуникација кога се видело дека државата нема капацитет да го реши тоа, одиме во тесно грло. Македонската страна не се ни заинтересирала да види дали ова може да се реши со грчката страна“.

Поврзани новости