Димитров: Мислам дека ние уште не сме на дереџе да не е многу важно кој ќе победи на изборите на 12 април

by fokus

По овие избори би требало да се направи обид за еден политички консензус во однос на концептот техничка влада, вели шефот на дипломатијата во интервјуто за МИА, нагласувајќи дека би било тажно доколку земјата остане на овој степен на огромна недоверба и на битката сè или ништо. Од претстојните избори и кампањата очекува лажни вести и оцрнување на противникот, вели политиката е навлезена во сите пори на општеството.

– Мислам дека ќе има една таква збрка и со лажни вести и со напади врз личноста, повеќе за кој, помалку за што или за како. Вообичаено колку повеќе политиката е навлезена во општеството, значи колку повеќе на граѓаните им зависи кој им седи во владата во смисла дали може да аплицираат на конкурс за вработување, да завршат друга работа, да учествуваат на тендер за пари на граѓаните, јавни пари итн. Значи, колку повеќе е навлезена политиката, толку посурова е битката меѓу политичките чинители, нагласува тој во интервјуто за МИА.

Честопати објавувате интересни статуси на ФБ,  на 15 октомври напишавте: „Само тој што не весла има време да го ниша чамецот (Жан-Пол Сартр)“, кој ниша, а кој весла во нашава земја?

Пораката тука е ние имаме една парадоксална ситуација, каде што политичките сили кои ја изгубија препораката во 2015/2016 година, кои нè редуцираа како тема во ходници и на некој начин како еден безнадежен случај, кои живееја од споровите со соседите, политички наместо да вложат политички капитал да ги решат за да живеат граѓани и за да има иднина. Тие реагираа со критики и тоа јас го велам немање јасна морална оска и чист образ. И баш е нишање на чамецот, ако веќе не веслаат во смисла на влог барем да не одмагаат. Тоа веројатно ми била пораката. За жал, мислам дека ние уште не сме на дереџе да не е многу битно кој ќе победи на изборите на 12 април. Нема натпревар кој ќе весла побрзо, кој ќе го чува бродот постабилен со помалку нишања, туку е во курсот и таа една некохерентна, збунувачка порака да рече ќе ја ставиме татковината на брзата патека, на автопатот кон Европа, ама ќе ги срушиме мостовите што се изградени, ќе го расипеме компромисот што е постигнат со Преспанскиот договор.

Поврзани новости