Димитров: Министерката за образование подгорува параноја и паника против ЛГБТИ лицата

by Фокус

Министерката за образование подгорува параноја и паника за опасните квир деца, и со тоа поттикнува насилство врз нив, и параноидна агресија за заштита од имагинарниот непријател, смета Славчо Димитров од Коалиција Маргини.

Тој го напиша ова осврнувајќи се на говорот на министерката на состанокот за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, на кој министерката продолжи со нејзината кампања на загрозување на безбедноста, менталното здравје, животот и заштитата на младите ЛГБТИ и квир деца.

„Непрестано укажуваше дека ја брише родовата еднаквост, и родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет од Законите за основно и средно образование за да ја заштитела БЕЗБЕДНОСТА на децата и сигурноста на родителите! Очигледно за неа ЛГБТИ и квир децата не се деца. Нивната безбедност не само што е небитна (иако се најнебезбедни и изложени на булинг и насилство), туку истите ги претстави како ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА на имагинарното стрејт дете“, пишува Димитров.

Тој додава дека во меѓувреме децата ќе страдаат од сиромаштија и ќе се гушат од загаден воздух, во уништен образовен систем кој продуцира армии на неписмени млади.

Поврзани новости