Бугарскиот копретседавачот со мешовитата историска комисија, Ангел Димитров во својата денешна колумна на БГНЕС пишува дека голем дел од спомениците во Скопје биле бугарски, а Триумфалната порта е споменик на иредентизмот.
-Сепак, меѓу многуте споменици кои, според британски Гардијан, го претворија Скопје во „главен град на кичот“, преовладуваат оние поврзани со бугарската историја. А ги има десетици и нема промена на натписите. Нема милост за Георги (Гоце) Делчев и Дамјан (Даме) Груев, кои во костими се качени на коњи што никогаш не ги јавале. Во Скопје ја имаат – ретко кој знае зошто – Триумфалната капија, која всушност е споменик на иредентизмот, бидејќи преку неа денешната република се поистоветува со целата географска територија на Македонија. Наспроти оваа материјализирана позадина на проблемот со толкувањето на минатото во Република Северна Македонија, повеќе од јасно е дека нов почеток во меѓудржавните односи не само што е неопходен туку и неизбежен, пишува Димитров.
Тој смета дека Бугарија силно ја поддржала евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија за да и помогне да излезе од „старата југословенска комунистичка орбита“.
Од таква перспектива, дали Европската Унија и САД разбираат дека упатувајќи критики само кон Бугарија, тие всушност ја рехабилитираат Коминтерната, руските и српските интереси, Сталин и Тито и тоа идеолошко наследство кое е апсурдно далеку од научното прецизност, политичка коректност и европски вредности? Инаку, Москва нема ништо против евроинтеграциите на Белград и Скопје, бидејќи – со оглед на нивното политичко наследство – тие ќе бидат толку потребните „тројански коњи“ во Европската унија, смета историчарот.