439
Македонија и Бугарија го усогласија текстот на договорот за пријателство кој треба да им стави крај на долгогодишните тензии и спорови, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров за агенцијата Ројтерс.
-Потпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија ќе го зајакне нашиот кредибилитет, ќе покаже дека сме сериозни и дека сакаме да градиме пријателства во нашиот регион – вели Димитров.
Договорот треба да биде потпишан на заедничката прослава на Илинден на 2 aвгуст од премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов.