Димитров кон опозицијата: Ние ги земаме жешките костени во раце, вие се радувате на секоја изгореница

by Fokus

Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров, на денешната седница на Собранието на која се разгледува интерпелацијата поднесена за него од ВМРО-ДПМНЕ, го нарече панаѓур на некомпетентност канењето да учествува на расправа за спорот со Бугарија на Комисијата за надворешни работи.

-Мене ме обвинувате што соседна Бугарија го прекрши Членот 2 од Договорот за пријателство каде што се обврза да ни помага во евтоинтеграцијата, а не да не блокира? Ние ги земаме жешките костени во раце, вие се радувате на секоја изгореница. Моја работа е да ги водам преговорите во најдобар интерес за нашата земја. Јас не сум виновен ако другата земја не ги почитува договорите, реагираше Димитров на обвинувањата.

Поврзани новости