Димитров: Кога ја нарече Украина творба на Ленин, Путин требаше да ги изгуби македонските симпатизери

by Fokus

Поранешниот министер и вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров смета дека зад агресијата врз Украина стои Путин и неговиот страв од демократска и слободна соседна Украина, како и желбата за враќање назад во историјата, историски ревизионизам.

-Судејќи според јавните протести против војната во Русија, земја каде е опасно да се излезе на протест, прашање е колку рускиот народ ја одобрува оваа војна. Нападот врз една независна држава која не е закана, која со ништо не ја испровоцира оваа војна е напад врз слободниот свет, врз европската безбедност и врз светскиот поредок што почива на Повелбата на ОН. Ако слободниот свет ова го дозволеше без драматично одлучен одговор, сите ќе се вратевме во џунглата и законот на голата сила, појаснува Димитров во објава на социјалните мрежи.

Според него, за нас, како мала земја, принципите се егзистенцијално важни.

-Особено по говорот на Путин, кога ја нарече Украина вештачка творба на Ленин, без право да постои, тој требаше да ги изгуби сите македонски симпатизери. Сите до еден, оценува Димитров.

Поврзани новости