Димитров: Ќе си ја земеме оваа шанса и ќе излеземе исправено како Македонци

by fokus

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва изрази уверување дека референдумот ќе биде успешен.

– Мислам дека референдумот ќе биде успешен во секоја смисла. Мислам дека имаме секогаш зрелост кога сме исправени пред големи историски раскрсници. Мислам ќе си ја земеме оваа шанса, ќе излеземе, ќе ја отклучиме вратата од чекалницата во која сме заклучени, ќе излеземе со исправена глава како Македонци, со афирмиран македонски јазик ќе си влеземе во НАТО и ќе зафатиме да работиме со реалните проблеми што ги има нашата татковина, со проблемите што се важни за да си ја донесеме Европа дома. Наместо да извезуваме младост, да извезуваме производи и ум, рече Димитров во емисијата Анализа на Телевизија 24.

На прашањето дали ќе има законско исполнување на цензусот, Димитров рече оти е убеден дека ќе успееме со огромна бројка и со еден голем политички импулс да одиме напред.

Поврзани новости