805
Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров во гостувањето во Телма говореше за последните политички случувања на релација Бугарија-Македонија. Притоа, тој се запраша, како ќе градиме пријателство кога Бугарија не го признава македонскиот јазик.
„Бугарите со наводници велат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, вештачки и посиромашен. Тогаш, како воопшто мислиме да градиме пријателство и како ќе зборуваме за отворање на ново европско поглавје? Како ќе го затвориме прашањето со Бугарија со ваков предизвик? Сега се надминале себеси. Ова што допрва ни претстои со вметнување на дел од Бугарите во преамбулата, како ќе го отвориме кога истата таа држава не го признава мнозинскиот народ во оваа држава, вели Димитров.