Димитров ја демантираше Владата во Србија

by fokus

Македонската Влада ниту имала намера, ниту дала наредба, ниту извршувала разузнавачко дејство против некоја од соседните земји вклучувајќи ја и Србија, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на прес конференција во Владата.

Со тоа Димитров ги демантираше тврдењата на српскиот државен врв според кои Македонија вршела разузнавачка офанзива поддржана од странски фактор врз Србија во која биле следени и прислушувани српски дипломати и функционери.

-Ако одиме во шпекулации кој би можел да биде можеме само да направиме лошо отколку добро. Да отвориме директен дијалог, пред се носејќи се од идејата дека и Србија и Македонија имаат интерес да бидат блиски. Немаме интерес да имаме вакви односи со Србија. Во неделата, кога ја добив нотата од Србија, му се јавив на Дачиќ, но не успеав да го добијам. Телефонски побарав разговор и вчера. Најверојатно, утре ќе разговараме со колегата – изјави Димитров.

Поврзани новости