511
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, изрази сочувство за настраданите од невремето на Халкидики, во кое животот го загубија седум лица, а повеќе од 100 се повредени.
Во сочувството објавено на Твитер, Димитров вели дека е вџашен од ужасното невреме во областа Халкидики во Грција што резултираше со губење на животи, повредени и значителна материјална штета.
– Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските. Ние сме подготвени да помогнеме за се што е потребно, наведува шефот на дипломатијата.