Во минатото имаше идеи што беа добра основа за решавање на спорот за името за едната, но беа одбиени од другата страна, вели поранешниот преговарач во македонско-грчките преговори и актуелен министер за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за грчкио весник Вима.
-Ќе треба и двете страни, со добра волја да се вклучиме во преговорите и да се обидеме колку што можеме да ја разбереме чувствителноста на прашањата што произлегуваат, како што тие се согледуваат од другата страна. Треба да го подигнеме нивото на доверба и да инвестираме во билатералните односи на начин што го прави поверојатен напредокот – вели Димитров.
Иако станува збор за билатералн проблем, истакнува тој, последиците од негово нерешавање може да ја доведат во прашање регионалната стабилност.