Димитров и Рот на виртуелна прес-конференција: ЕУ ќе направи се за да ви помогне!

by fokus

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, заедно со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на заедничка виртуелна прес-конференција разговараат за предизвиците што ги донесе коронавирусот.

Димитров рече дека во овие тешки моменти заедно со колегата од Германија сакаат да демонстрираат пошироко европско заедништво и солидарност.

„Како што беше со мигрантската криза така е и со ковид-19. Вирусот нема национален идентитет, не познава граници, религии, ги напаѓа сите луѓе. Би било добро доколку Европската Унија ја разгледа можноста, освен за своите земји членки, помош за справување со овој вирус да понуди и за земјите од овој регион“, додаде Димитров.

Германскиот државен министер Рот даде поддршка за земјава и за предизвикот со кој се бориме поврзан со коронавирусот, но и за процесот кон европската иднина.

„Овој период е тежок и е предизвик дури за земја развиена како Германија. Во овие моменти е најважна солидарноста и препораките за заштита на нашето здравје. Тоа што се случува во Европа ќе има влијание, а Европската Унија ќе направи сè да ви помогне да ви пребродите овие моменти“, истакна Рот.

Поврзани новости