508
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и државниот министерот за Европа при германското МНР, Михаел Рот го искористија убавото време да го посетат Охрид.
Двајцата релаксирајќи се, кајакареа по Охридското Езеро а ќе учествуваат и на интерактивна дебата на тема „Македонија на патот кон ЕУ“, со фокус на придобивките од ЕУ членството во унапредувањето на заштитата на животната средина, промоцијата на политики на одржлив развој и поттикнување на граѓанскиот еко-активизам.