Бујар Османи и Никола Димитров, кои денеска ги примопредоадоа функциите на вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи, не очекуваат пречки од соседна Бугарија во процесот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Новоизбраниот вицепремиер за евроинтеграции Димитров истакна дека Бугарија не може да добие од комплицирање на европската иднина на Република Северна Македонија.
-Во тоа сум убеден бидејќи има голема улога кога беа претседавачи со Европската Унија, со Самитот во Софија токму во отворањето на Европа и враќањето на проширувањето високо на агендата на ЕУ. Во однос на ова прашање ќе имаме комплементарност со Бујар бидејќи од една страна ги тангира меѓусоседските односи, а од друга страна европската иднина на државата, рече Димитров.