Димитров го скршил рамото

by fokus

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров се повредил и има скршеница на рамото. Информацијата ја објави тој на неговиот Фејсбук профил со благодарност до медицинскиот персонал.

-Огромна благодарност до хирурзите, анестезиолозите, медицинските сестри, болничарите и целиот прекрасен и посветен тим на ортопедија, ургентен, траума и карил (Тоарилуц) што се погрижија скршеницата на моето рамо да биде само една голема лекција за во иднина. 48 години сепак не биле исто што и 20, напиша Димитров.

Поврзани новости