Ако се оди по планот понеделник е првиот ден на новата влада. Она што е битно е што ќе правиме натаму. Големи се изгледите да се изгласа владата, изјави досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитов пред почетокот на собраниската седница за избор на новата Влада, во којашто тој е предложен за вицепремиер за европски прашања.
Пред нас, нагласи Димитров, е исклучително важен период, го имаме предизвикот на вирусот, економските последици, европската агенда.
-Сакаме да почнеме преговори кон крајот на годината. Имаме многу работи. И тука можеби низ таа работа ќе дојдеме до една нова ситуација во македонската демократија опозицијата малку да учествува и да се дебатираат политики, а не ова напаѓање, рече Димитров.
Тој не очекува реална дискусија на дебатата за изборот на Владата и посочува дека од првата конститутивна седница станало јасна дека нивото е како она од минатиот Парламент.
Во однос на евроинтеграцискиот процес, како што рече е изгубено многу време, но патот е отворен и време е да се чекори.
-Идниот месец за неколку дена државите членки почнуваат да ја дебатираат преговарачката рамка. Предлогот, како што паметиме пред изборите го подготви Европската комисија, а канцеларката Меркел на Германија, претседавачот со Советот на ЕУ во Европскиот парламент изјави дека прв надворешно политички приоритет на германското претседателство ќе биде отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и додаде и по можност со Албанија. Така што, со германското претседателство со една ваква влада фокусирана со засукани ракави нашата намера да не ставиме ниту едно оправдување да не може, да нема консензус за почеток на преговорите. Многу време изгубивме, го отворивме патот време е да чекориме, рече Димитров.