430
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека Македонија има уште 2 ипол месеци до следниот извештај од ЕУ и во следниот период Владата треба да се посвети на сериозна работа.
-Ние имаме два ипол месеци вистински да се фокусираме, и работа дома и презентација на резултатите пред земјите членки. Јас мислам ќе успееме со цензусот на претседателските избори. Ние сега да се фокусираме на работа, да дадеме се од себе. Имаме многу насоки од ЕУ, четири области: борба против копруција, првна држава, јавна администрација и безбедносен сектор. Имаме многу што да кажаме за сите четири, на добар пат сме со безбедносниот сектор со фромирањето на ОТА, вели Димитров.