Димитров: Драстично го зголемивме процентот на кариерни решенија во дипломатијата

by Фокус

Во последните две и пол години, македонската дипломатија направи огромен скок кон професионализација, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, посочувајќи дека 87,5 отсто од луѓето што биле упатени во дипломатска служба се кариерни решенија, односно кадри што произлегуваат од МНР.

-За споредба, пред нас тој процент беше 33 отсто, што значи дека сме направиле огромен скок и тоа е значајно. Овој тренд треба да го следиме и во други области и така ќе направиме добра работа за државата. Јас се залагам за кариерни решенија, но и политичките парити имаат кредит, бидејќи овозможија висок процент на кариерни решенија – истакна Димитров.

Тој додаде дека изминатава 2019 година била плодна на дипломатски план, со оглед дека, како што рече, земјава го завршува членството во НАТО и дошла пред вратите за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

-Имавме одлиучен извештај во мај, во јуни ни кажаа дека ќе има суштинска одлука во октомври, но во октовмри не одлучија и одложија за самитот во Загреб. Ќе направиме да им биде што потешко да ни кажат не – рече шефот на македонската дипломатија.

Според него, донесувањето на законот за јавното обвинителство ќе ја зајакне нашата кандидатура за членство во Унијата.

Поврзани новости