Носителот на листата коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 1, во видео порака со која, како што вели, посебно им се обраќа на разочараните граѓани, ги повикува да 15 јули да излезат и да гласаат на изборите.
-Нема доволно правда. И ако ме прашате дали сум и jас разочаран, апсолутно сум. Но, да кренам раце, на краj памет не ми доаѓа. Во моjот ресор, душата jа оставив. Таа огромна планина се искачи, постигнавме децениски цели, влеговме во НАТО и на чекор сме од почеток на пристапни преговори со ЕУ, во фаза сме кога се разговара за таа динамика и се усвоjува Преговарачката рамка. Денес сакам да ви ветам лично jас, истата жар и енергиjа што ги вложив за првата голема планина, ќе ги вложам за оваа држава да има правда. Сега кога безбедноста, предвидливоста, иднината и границите веќе не се прашања, на сите ни е jасно коjа е следната голема битка – тоа е битката против корупциjата, криминалот и подземjето, вели Димитров.
Тој ги повикува граѓаните да излезат да гласаат на 15 јули, бидејќи како што вели, седењето дома е бело знаме и предавање во однос на правдата.
-Мораме да ја искористиме оваа шанса, бидеjќи следна нема да имаме. Од другата страна, имаме политичка партиjа ВМРО-ДПМНЕ чијашто основна цел е да се скршне од патот. Да нема ниту одговорност, ниту да има правда. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ и за нивните сателити е бело знаме, предавање во однос на правдата, меѓутоа и седењето дома е бело знаме и предавање во однос на правдата, порачува Димитров.