441
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на средбата со неговиот германски колега, Хајко Мас, порача дека Македонија се уште е далеку од тоа што сака да биде, но со работа и созревање ќе се постигне зацртаната цел.
„Ние сме далеку од тоа каде сакаме да бидеме. Многу далеку. Ама има побарувачка во нашето општество Македонија да стане европска. Има побарувачка за одговорност, за правда, за слобода на медиуми, за ред. Мислам дека сакале или не сакале, и политичките сили и сите ние како граѓани ќе мора да потпораснеме. Кој побрзо, кој побавно“, истакна Димитров.