Димитров: Да ги задржиме младите дома

by Fokus

Со едноминутен молк во знак на почит за жртвите од автобуската несреќа во Бугарија, денеска во српското Народно собрание во Белград започна политичкиот панел од конференцијата „Отворен Балкан – Пат кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот” на кој што онлајн обраќање имаше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров како претставник на Северна Македонија.

„Преку овие конкретни чекори за зближување всушност ги зајакнуваме добрососедските односи и ја унапредуваме состојбата во регионот, бидејќи кога сме упатени едни на други, кога сме блиски, расте меѓусебната доверба, повеќе не се перцепираме едни со други како закана, а со тоа се зацврстуваат и стабилноста и просперитетот. Меѓутоа, заложбите за зближување не треба да бидат ограничени на политичко ниво, туку најважно е пред сé да се инвестира во непосредните меѓучовечки односи и да се креираат можности, особено во однос на младите. Секогаш истакнувам дека ние сме во трка со времето, да го направиме овој регион европски за да си ги задржиме младите луѓе дома. Колку поголем успех ќе постигнеме, толку поголема ќе биде и мотивацијата за приклучување, а и одгласот на пораката дека заслужуваме европска иднина“, вели Димитров.

 

Поврзани новости