Димитров: Бугарија го компромитира македонско-бугарското пријателство

by Fokus

Вицепремиерот Никола Димитров во интервју за „Еуронуз“, говореше за проблемот кој Македонија го има со својот источен сосед Бугарија.

Тој нагласува дека Бугарија со наметнатата пречка кон Македонија, ги блокира и политиките на ЕУ во регионот:

„Бугарија со својата политика и ветото на некој начин го компромитира македонско-бугарското пријателство, а става вето и на ЕУ кон регионот од коишто сме дел. И мислам дека навистина е време за лидерство и одговорност, малку да мислиме сите каде сакаме да биде Балканот за 10 години од денес“, вели Димитров.

 

Поврзани новости