Димитров-Блумел: Благодарност за континуираната поддршка од Австрија

by fokus

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска во Скопје оствари средба со сојузниот министер за ЕУ, уметност, култура и медиуми на Република Австрија, Гернот Блумел, во рамките на неговата посета на Република Македонија во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ.

На средбата, министерот Димитров го информираше министерот Блумел за текот на домашните реформи, очекувањата во правец на интеграцијата во ЕУ и актуелните внатрешно-политички состојби, со акцент на спроведувањето на претстојниот референдум во врска со Договорот меѓу Република Македонија и Грција, соопшти МНР.

Димитров изрази благодарност за посебниот интерес на австриското претседателство за приближување на земјите од Југоисточна Европа кон ЕУ во рамките на процесот на проширување, што се смета за стратешка инвестиција во мирот, демократијата, просперитетот, безбедноста и стабилноста во Европа.

– Благодарни сме за континуираната поддршка на Австрија во ЕУ-интегративниот процес на Македонија, како и за целокупниот ангажман на Владата на оваа земја во валоризирање на нашите постигнати резултати и во промовирањето на нашите европски и евро-атлантски аспирации изминатиов период, рече Димитров на средбата со Блумел.

Поврзани новости