Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров побара секое евентуално решение на спорот со Бугарија за одблокада на почетокот на пристапните преговори со ЕУ да биде верификувано во македонското Собрание.
-Со оглед на огромното значење на прашањето со Бугарија, нивната одлука секое евентуално решение да оди на валидација во бугарскиот парламент, како и водејќи сметка за усвоената Резолуција на нашето Собрание за македонските црвени линии, сметам дека исто така и кај нас, секое евентуално решение на прашањето со Бугарија исто така треба да добие поддршка и во Собранието – рече Димитров на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Овој предлог на Димитров го поддржа претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, како и потпретседателката Соња Мираковска од НСДП.