499
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров апелираше до македонските граѓани да не патуваат во странство, бидејќи ќе биде неизвесно кога ќе може да се вратат во Македонија со оглед на тоа дека државите ги затвораат границите.
-Ве молам немојте да патувате. Македонски граѓанин ако утре отпатува некаде, сосема е незивесно кога ќе може да се врати. Ситуацијата е непредвидлива, државите носат одлуки сами, затвораат граници. Ќе направиме се што можеме да си ги вратиме македонските граѓани дома. Во овој кризен период, оние кои имаат регулиран престој во друга држава, да не се враќаат во татковината, апелираше Димитров.