Димитров: Ако се чепне идентитетот, нема да има решение за името

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по средбата со медијаторот Метју Нимиц изјави дека ако се чепне идентитетот и јазикот на македонскиот народ, спорот нема да доживее решение.

Димитров ги отфрли сите шпекулации дека може да се најде заеднички јазик доколку Грција побара освен промена на уставното име на државата, и промена на македонскиот идентитетот и јазик.

По средбата со медијаторот Нимиц, министерот за надворешни изјави дека во 21-от век ниту соседите ниту другите земји во светот не може да разговараат за неговото и правото на сите сограѓани да бидат Македонци и да говорат македонски јазик.

-Апсолутно не. Прашањето не може да биде предмет на преговори бидејќи не е предмет на одлука туку резултат на историски процес. И прашањето е многу поголемо од мене, и од преговарачи, и воопшто од целата генерација на денешните политичари а веројатно и на идните. Така што ако дојдеме до таа точка за решение да треба да се допира идентитетот за жал нема да има решение, изјави Димитров.

Поврзани новости