Димитријевиќ: Отворена врата за секој член, СДСМ ќе биде постојано активна на терен

by Fokus

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ денеска беше на средби со членовите на партијата од Росоман и Кавадарци.

– Овде сме да ве слушнеме вас, да го слушнеме секој член. Ве охрабрувам да бидете гласни. Вашите идеи, предлози, критики, вашиот глас е нашата сила. Мора да го вратиме значењето на гласот на секој наш член. Сакам секој член на партијата да знае дека мојата врата е секогаш отворена за нив. Мислења, идеи и критики се најважни за мене. Во наредните месеци активно ќе бидам на терен, да се сретнам со многу членови, општински организации, да ги слушнам нивните грижи и идеи и да работиме заедно, рече Димитриевиќ.

Она што нè обединува е нашата верба во еднаквоста, правдата и солидарноста. Тие вредности се темел на нашата социјалдемократска идеја, и ќе продолжиме да ги негуваме за доброто на сите граѓани, додаде тој.

– СДСМ и вредностите на партијата се она што не обединува и само заедно можеме да ја возобновиме партијата и да го вратиме довербата кај граѓаните, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

Ново избраното раководство на СДСМ од денеска ги започна теренските посети и средбите со членовите во општинските организации согласно оперативниот план. Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска вечерва е со членовите од Аеродром, а потпретседателот Методија Илиевски со членовите од Прилеп. Ова е дел од новиот начин на работа, на активност и на функционирање на партијата, соопштија од СДСМ.

Поврзани новости