Македонската кошаркарска репрезентација три четвртини беше егал во Клаипеда, но на крајот загуби од Литванија со убедливи 94-72 во рамки на 4.коло во квалификациите за Евробаскетот 2025 година.
Ненад Димитријевиќ беше неверојатен со 43 поени, но се повреди во последниот период.
Нашите кошаркари водеа во најголем дел од првото полувреме, а на големата пауза заминавме со предност од 43-46.
По третиот период имавме негатива од само два поени, 64-62, но по само неколку минути игра во последната четвртина се повреди Димитријевиќ. Тогаш Литванците почнаа да ја прават разликата за конечни 94-72.
Освен Димитријевиќ, останатите наши кошаркари имаа скромен учинок, по шест поени постигнаа Бојан Крстевски, Бобан Стајиќ и Андреј Маслинко.
Македонија и покрај поразот има математички шанси за пласман на Евробаскетот и тоа откако Полска славеше на гостувањето кај Естонија со 86-88.
Во последните две кола во квалификациите во февруари, на Македонија и треба победа од повеќе од шест поени разлика на гости кај Естонија, па домашен триумф против Полска.