Новата влада формирана пред осум месеци е влада со најлош старт во историјата на Македонија која потфрла на секое поле особено во економија, па се до надворешната политика, истакна генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Димитријевиќ нагласи дека ништо од сите работи што ВМРО-ДПМНЕ ги вети во предизборието, со кои добија огромна одговорност од гласачите, немаат испорачано во овие 8 месеци и додаде дека и бојкотот е производ на погрешните политики на власта.
-Со сите случувања коишто ги имаме во последниот период, не би рекол дека граѓаните не го препознаваат тоа. Прв пример е бојкотот на маркетите што се случуваше. Тоа е производ на лошите, грешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во сите овие изминати месеци, со кои не успеа да ги стабилизира цените. СДСМ во целиот овој период нудеше конкретни решенија за намалување на цените, коишто арогантно беа одбивани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Го гледаме сега резултатот, рече генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ во емисијата 360 степени.
Димитријевиќ: СДСМ е на добар пат, се постави целата партиска структура, се враќа ентузијазмот меѓу членовите
СДСМ е на добар пат, ги менува работите внатре во партијата и тоа веќе се гледа. Поставена е целат партиска структура по хоризонтала и вертикала. Евидентна е разликата од пред изборите и сега, се враќа ентузијазмот и енергијата на членовите. Задоволен сум како се одвиваат процесите во партијата, и во која насока се движиме., рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша-Димитријевиќ, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Тој информираше дека по комплетирањето на општинските организации и изборот на локалните раководства и Форумот на жени доби нова претседателка а наскоро ќе се активира и Форумот на пензионери додека СДММ како подмладок е целосно структурирана.
-Партиските комисии се во тек на формирање и истите ќе се пресликаат и на локално ниво во општинските организации. Овие комисии ќе имаат задача да работат на дел на креирање на програмите за локалните избори. Има луѓе кои сакаат да учествуваат во креирање на процесите внатре во СДСМ, тоа се гледа и преку бројката на партиските состаноци. Но секако дека не очекува уште многу работа, потенцираше Димитријевиќ.
Евидентна е разликата, како и честите средби со членството со кое секогаш имаме теми за кој се дискутира и спремни сме да ги сослушаме сите, рече Димитријевиќ.