Димитриевски за првиот премиер Албанец – Да крунисавме крал ќе беше помалку спектакуларно

by fokus

Ние немаме техничка или Пржинска влада. Имаме влада којашто е договорена помеѓу коалиционите партнери ДУИ и помалиот партнер СДСМ и имаме премиер којшто доаѓа од албанската етничка заедница. Мислам целото тоа помпезно, спектакуларно најавување на премиер Албанец, да крунисавме крал ќе беше помалку спектакуларно, изјави лидерот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното издание на „Само вистина“.

-Тоа што се случи во Македонија вчера и денес само демонстрира една супериорност на ДУИ која што е аздисана од власт и која по секој основ се обидува да ги фрустрира најголем дел од гласачите од македонската нација и во исто време да извлече некои ситни поени од албанскиот електорат. Многу побитно за мене е владата да функционира суштински, а тоа значи во рамки на нејзините надлежност да овозможи да организираме фер и демократски услови, но гледајќи од вчера како се однесуваа првенствено спрема новинарите коишто всушност се столбот на демократијата и бранителите на демократијата во секое едно општествено, не ми остава простор да размислувам дека оваа влада непристрасно ќе делува, вели Димитриевски.

Димитриевски упати остри реакции на вчерашното организирано носење странски новинари од Албанија и Косово во Собранието и злоупотреба на владините службени возила за превоз на новинарите, нарекувајќи го овој чин стара пракса од времето на Груевски.

Поврзани новости