775
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на денешната дебата ,,Овој дом верува дека државата (не) презема соодветни мерки за справување со загадувањето” во Кино Фросина посочи дека справување со загадувањето не е лесно.
-Наша обврска е да се бориме против загадувањето. Помало загадување има во песочна бура отколку од она што покажуваат мерните станици во Куманово. Сакам да живеам во чист град, но ако најголемите светски центри имаат проблем, тогаш Македонија не може да се справи лесно со овој проблем. Со владата туркаме проект за да се отвори фабрика за отпад. Имам намера Куманово да го ставам во гранката на зелени градови во светот, рече Димитриевски.