Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека Владата направила лапсус со изборот на Владо Бучковски за преговарач со Бугарија.
-Владата направи голем лапсус со изборот на Владо Бучковски затоа што требало да се види интервјуто за ТВ Европа кај почитуваниот новинар Ѓорѓи Коритаров којшто многу јасно и недвосмислено зборува за некои моменти кои не се дел од општоприфатливата историја која почива на факти коишто се втемелени кај нас и мислам дека истиот нема да даде придонесе во равојот на наметнатите проблеми, рече Димитриевски.
Вели дека нема простор за преговори за идентитет, ниту пак за Гоце Делчев кој се родил живеел и се борел за Македонија.
Прашан за потегот и реакцијата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски рече дека тоа е разбирливо.
-Црвенковски може да се откаже од се, само не од Македонија и СДСМ, рече Димитриевски.