Димитриевски: Вистината за монтираниот случај излезе на виделина

by Fokus

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вели дека сè уште верува во институциите, а последната одлука на обвинителството да ја отфрли кривичната пријава против него е доказ дека вистината е излезена на видела.

„Верував и сè уште верувам во институциите и непристрасните професионалци во системот. Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина. Ќе ги преземам сите активности предвидени со закон да се лоцираат одговорните лица во постапката кои од нив познати мотиви ги злоупотребија сопствените службени овластувања и креираа случај за наводно сторено кривично дело кое имаше за цел јавно да ме девалвира и дискредитира и да ја искриви вистината“, напиша Димитриевски на Фејсбук.

 

Поврзани новости