609
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски најави дека ќе оди на втор мандат со поддршка на СДСМ.
-СДСМ е политичка партија која се разликува од другите. Јас сум социјалдемократ и заложник на демократски процедури во партијата. Не остапувам од моите ставови во изминатиот период, затоа што сметам дека се исправни. На отчетот, на моите сограѓани им најавив дека имам намера да побарам поддршка од партијата, и потоа од граѓаните – рече Димитриевски.
Тој на ТВ 21 посочи дека е убеден дека ќе добие поддршка од СДСМ.