523
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва прогласи поБеда и нов градоначалнички мандат во овој град. Тој ги поздрави сите кои ја дале поддршката за него, додавајќи дека продолжува да работи за доброто на кумановци.
„Се што ветив, ќе направам. Да им честитам на сите граѓани што излегоа на овие избори и испратија порака дека никогаш повеќе да нема злоупотреба на државните институции во овие цели. Само да ги поздравам моите другари со кои крваревме и она што го направија, треба да им служи на чест. Ја продолжувам заедно со моите граѓани. Македонија тоа го заслужува. Треба да ставиме крај на лукративниот пристап во оваа држава“, рече Димитриевски за ТВ 24.