Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ даде свој коментар за локалните избори, но и за состојбата што е случува во СДСМ.
„Јас сум член на СДСМ, а моето исклучувањето е еднострано или желба на поединци. Мојата идеологија е социјалдемократска по повеќе наврати тоа го повторувам. Мојот приоритет во моментов се Кумановчани, граѓаните на Куманово, проектите и развојот на градот, а во делот на политичките активности јас сум убеден социјалдемократ и мојот пат е во насока на развојот на социјалдемократијата, таквата мисла и идеја. Сметам дека СДСМ била и мора да остане државотворна партија. Верувам дека не очекуваат суштински реформи за да се надмине лукративниот и клиентелистичкиот пристап и да се врати важноста на суштинско одлучување на членот, бидејќи граѓаните испратија поголем број на пораки на овие избори и во првиот, а и во вториот круг кои мора да се послушаат, граѓаните се тие кои одлучуваат“, истакна Димитриевски.