549
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на вчерашното обраќање пред кумановци информираше дека слободарско Куманово во Втората светска војна дало 828 жртви – над 600 Македонци, 100 Срби, над 60 Албанци, над 30 Турци, над 20 Роми, и сите останати кои живеле во овој град
„Вие администратори срам да ви е? Ќе сте дошле во Куманово да ги бришете спомен плочите од Бугарскиот фашистички окупатор. Па, како бе можеш да ја бришеш сопствената историја и крвта на нашите предци којашто е таму. Повелете дојдете во Куманово, ние ќе дојдеме да ве чекаме кога ќе дојдете да ги бришете“, додаде Димитриевски.