Кандидатот за претседател на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски утрово во интервју за Радио Лидер, зборуваше за понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа упати повик за македонско национално единство.
„Мене искрено ме импонира што не само во овој случај, туку во голем број случаи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нè копира во некои постапки. Излеговме како партија и рековме дека нема да преговараме со никој додека не се понуди една национална платформа. Не можете да постигнете поголем ефект во имплементација на мултиетничко движење ако немате национално едиство. Тоа може да се стори. Без ЗНАМ нема идна влада. Ние не напаѓаме, ние само конструктивно дискутираме“ рече Димитриевски.
Тој додаде дека на локално ниво немаат официјално потпишано коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но дека дефинитивно имаат соработка. „Имаме соработка со ВМРО-ДПМНЕ и со албанската опозиција“ рече Димитриевски.
Како постулати за македонско национално единство Димитриевски ги посочи „најнападнатите“ работи: Јазикот, индетитетот и историјата. „Овие основни нешта треба сите да ги потпишеме“ нагласи тој.