Димитриевски пак има интервенција во Топ 5 одбрани на колото во Ла Лига

by Fokus

Во шпанската Ла Лига, во минатото 17-то коло Рајо Ваљекано загуби од Осасуна со 1:0.

Сепак македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Столе Димитривски со неколку одлични одбрани го одржуваше својот тим до поволен резултат, се до финишот.

Тој ја има една од петте најдобри одбрани ова коло во шпанската прва лига.

Друштво му прават Серхио Херера (Осасуна), Руи Силва (Реал Бетис), Ињаки Пења (Барселона) и Јан Облак (Атлетико Мадрид).

 

Поврзани новости