Димитриевски: Ова е за да бидат заплашени моите луѓе, но ќе ги казниме!

by Fokus

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска пред медиумите говореше за случајот со полицијата, кога тој беше запрен од полициски службеници со неговото службено возило.

Притоа, тој упати критики кон МВР за односот на полицајците, додавајќи дека ова е само дел од моментите на обид за заплашување негово и на неговиот тим.

„Бевме задржани час и половина, ни дадоа насоки да ги следиме и не однесоа на технички преглед. Полициските службеници беа крајно непрофесионални. Сакам да демантирам дека возилото не било регистрирано. Не е вистина тоа и ја поседува целата документација. Ова е во континуитет да бидат заплашени моите луѓе и ќе порачам – 31 е многу блиску. Граѓаните ќе видат со каква нереална власт се соочуваме и тоа остро ќе го казни во Куманово. Ништо нема да помине во вториот круг“, рече Димитриевски.

Поврзани новости