Димитриевски: Османи е лекар, тој нема Д од дипломатија

by Fokus

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вели дека блокадата на Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ е резултат на неуспешната дипломатија на актуелната Влада, предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Димитриевски смета дека Османи не бил соодветен човек за таа позиција.

-Османи е лакар, тој од дипломатија Д нема, единствено што знае е да се слика и да се претставува како министер. Најголем пораз на нашата држава е поразот на нашата некомпетентна дипломатија. Македонија ја изгуби оваа војна уште пред да почне. Успешните дипломати не потпишуваат вакви договори – рече Димитриевски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој вели дека не е против уставните измени, но само доколку постојат гаранции од Бугарија дека нема да има идни попречувања и доколку има реципроцитет во признавање на малцинствата.

-Нашиот Устав ги содржи сите етнички заедници. Ние во Куманово имаме околу 300 бугари и јас како градоначалник кога дојдов на функција веднаш го ставив нивното знаме во кабинетот. Не претставува проблем Бугарите да влезат во Уставот, но под реципроцитет. Тие мораат да го признаат македонскиот народ. Ние имаме своја историја, генеза, сме постоиеле и ќе постоиме како Македонци – рече Димитриевски.

Димитриевски смета дека за да се одблокира процесот, Софија треба да донесе декларација која би била гарант за македонскиот индентит, континуитет и македонската историја. Во спротивно, според него, ЕУ треба да донесе таква одлука во највисоките свои органи и тела.

Поврзани новости