Димитриевски: Одредени високи функционери на СДСМ не практикуваа департизација

by fokus

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово и актуелен градоначалник, Максим Димитриевски во изборната дебата на ТВ21 најпрво се заблагодари на целата поддршка која ја добил, а потоа посочи дека се обидел да биде над партиски градоначалник.

-Се обидов да бидам, во еден дел како што на секој градоначалник му доликува, над партиски градоначалник и градоначалник за сите граѓани. Дојде до одредени недоразбирања бидејќи точно луѓето со кои се борев и го промовиравме концептот „едно општество за сите – деполитизација, департизација на системот“ поединци од нив, не самата партија, поединци „лидершип“ некои кои со години се на одредени високи функции, не го промовираа и не го практикуваа тој концепт во пракса, посочи Димитриевски.

Тој вели дека со неговиот тим успеале една од најзадолжените општини во државата комплетно да ја деблокираат.

Поврзани новости