Димитриевски очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ: Секоја поддршка е добредојдена

by fokus

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното соочување на телевизија Телма на прашањето дали очекува и дали ќе прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за вториот изборен круг, рече дека секоја поддршка е добредојдена.

-Максим се уште е член на СДСМ. Бараме поддршка од сите, не сме разговарале со никој. Секоја поддршка е добредојдена, и од било која партија, и од македонскиот и од албанскиот блок. Нас ни се важни граѓаните, не политичките субјекти. Очекувам поддршка затоа што јас сум најдоброто решение на Куманово. Димитриевски е член на една политичка партија, и немам потреба да застанувам на ничиј митинг. Ќе направам се мојата партија да се реформира и да ја вратам партијата каде што треба. Но, она што денеска наликува раководството на мојата партија наликува на она против кое се боревме, вели Димитриевски.

Поврзани новости