Кандидатот за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, во дебата со противкандатот со кој одат во вториот круг Оливер Илиевски, истакна дека денеска повторно постои узурпација на системот на МВР.
-Потрошивме многу време на улица заедно за да го спречиме тоа, да не повтори никогаш. Ако се сеќавате на слоганите „Нема правда нема мир“ и „ова повеќе никогаш нема да дозволиме да се случува“, тоа уште повулгарно се случува во Куманово – рече Димитриевски на ТВ 24.
Во однос на вчерашниот инцидент што го имаше со полицијата, тој изјави:
„Голем дел од нив директно ангажирано во шеста управа, некои во личното обезбедување на министерот Оливер Спасовски, директно да учествуваат во монтирање на еден изборен процес. Но, за тоа ќе зборуваме после изборите, сега сакам да се насочам исклучиво на проектите и развојот на Куманово. Впрочем, четири години ги поминав на тоа“.
Тој додаде дека во земјава има узурпирани политички партии, кои, како што рече, се трансформирани во акционерски друштва.
-Работат врз база на проценка на полипбирото, се носат највисоките одлуки горе, се спуштаат на Централен одбор, на Извршен одбор, членовите само се констатираат, ако има дебата или нема. Многу ретко се свикува седница и се постапува по желбите на полибирото и тука е узурпацијата – рече Димитриевски.