Факт е дека во одреден момент не сме подготвени како држава суштински да се справиме со овие проблеми и затоа ни гори државата. Верувам дека оваа Влада ќе собере сила и ќе набави дополнителна опрема, зашто сигурноста и безбедноста на граѓаните треба да биде приоритет. Веќе разговарав со премиерот на оваа тема и верувам дека во следниот период ќе излезат со решенија, рече вечерва претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во врска со пожарите во земјава.
Како што истакна Димитриевски на ТВ Сител, „срамота е веќе да се бара помош со хеликопетри и друг тип возила од страна, а да не издвоиме сопствени средства за ваква намена“. Вчера, рече тој, во Куманово имало имало 11 пожари кои биле покриени со 45 пожарникари, а денеска имало седум пожари и сите биле „решени“.
-Според стандардите, треба да имаме околу 100 луѓе, но, за жал, немаме доволно средства. Да не беа денеска тие три „ер тратктори“ и дополнително еден хеликоптер, тешко дека ќе локализиравме пожар на 300 хектари површина. Потребни се системски решенија, системски промени – напомена Димитриевски.