Димитриевски: Нема потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба!

by fokus

„Повеќе од јасно, е дека ова е класичен монтиран случај за кој ќе ги преземам сите можни законски дејства, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во изјава за ТВ „Телма“, откако директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирова-Бухова, соопшти дека во неговиот случај се утврдени серија прекршувања на законите и процедурите.

„Јасно е дека надлежните институции направија многу пропусти, прекршија низа закони, пред се, со објавување лични податоци, во овој случај. Тоа што беше објавено денеска, не е точно и за се имаме соодветна документација. Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба да биде. Ова е, повеќе од јасно, класично монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејства. Ќе ги почитувам одлуките на институциите“, изјави Димитриевски.

Сепак, тој смета дека во случајот нема политичка борба тука само различни ставови на општинскиот штаб што го раководи тој и централниот државен штаб.

Директорката Бухова денес рече дека, начинот и условите во кои се земале брисовите на кумановскиот градоначалник Димитриевски и на останатите членови на кризниот штаб, неправењето на епидемиолошки анкети, како и транспортот од страна на Итната медицинска помош до приватни лаборатории во Скопје, се дел од неправилностите кои се утврдени за време на двата вонредни инспекциски надзори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Кај градоначалникот Димитриевски е утврдено дека го прекршил решението за домашна изолација и лекување и го напуштил местото на престој, спротивно на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Поврзани новости