129
Градоначалникот на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 беше прашан дали ќе коалицира со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Нашата цел не е да коалицираме, нашата цел е да понудиме кој ќе коалицира со нас. Нашата цел е да ја освоиме власта. Дали ќе успееме во тоа не знам. Но сигурно знам дека за сите итни соработки, ќе ги донесат официјалните органи и тела на партијата, а со кого ќе коалицираме и ќе соработуваме ќе зборуваме по изборите. Но сигурен сум дека нема да коалицираме со оние кои ѝ нанеле зло на Македонија“, вели Димитриевски.