Димитриевски: Нема да дозволам некој да го направи Куманово пашалук

by Fokus

Актуелниот градоначалник на општина Куманово и независен кандидат за втор мандат, Максим Димитриевски, во интервју за Прес 24 потенцира дека поединци сакаат да го имаат Куманово под свое.

Димитриевски истакнува дека граѓаните не се бореле за да видат иста приказна како таа која беше симната од власт. Но, и дека сите не се исти и нема ни да бидат.

Во однос на информациите за негово исклучување од партијата, тој вели дека разочарувањето е огромно затоа што е одлука на поединци, а не одлука на партиското членство.

„Статутот на партијата е јасен. По покренување на таква одлука треба да се повика членот кој се отповикува на јавна расправа и тој има право на образложение и жалба. Бевме сведоци на изјави од поединци од СДСМ дадени пред време дека ме исклучиле. Моето социјалдемократско убедување никој не може да ми го одземе, ниту пак може некој да ми го одземе правото на јавно искажан став. Очекував повеќе од раководство кое се декларира како демократско, а не очекував дека поединци во партијата ќе успеат со свои интриги да направат толку голема штета за членството, симпатизерите и поддржувачите. Еднаш кажав и ќе повторам нема да дозволам некој да го направи Куманово пашалук. Кумановци тоа нема да го дозволат“, потенцира Димитриевски

Поврзани новости