Димитриевски: Нека напишат што сакаат во кривичната пријава, поединци ја злоупотребуваат политиката

by Фокус

Времето ќе покаже дека кривичната пријава против мене ќе биде отфрлена затоа што во случаjот нема елементи на кривична одговорност, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за 24 вести.

-Постапив согасно укажувањата во решението, најавив дека ќе одам на тестирање, го известив епидемиологот, побарав ковид-возило, ги остварив сите потребни контакти и дури тогаш излегов од дома. Може да напишат што сакаат во кривичната пријава, но јас верувам во правниот систем и во политиката, која е чесна доколку ја водат чесни луѓе, но поединци ја злоупотребуваат – порача Димитриевски.

Тој додаде дека уште на почетокот кога имало само тројца заразени барал да се затвори градот во карантин за да се спречи натамошно ширење на заразата, но, како што рече, дека тоа барање не било прифатено од надлежните.

Поврзани новости